Политика на поврат на средства

Доколку дојде до случај за поврат на средства, начинот на кој ќе ви ги вратиме парите зависи од начинот на кој сте платиле за стоката што ја враќате.

Ако сте платиле за стоката со готовина при испорака, ние ќе ги вратиме парите на сметката што сте ја навеле во формуларот за откажување во рок од 14 дена од денот кога сте ја добиле потврдата за прием на стоката.

Доколку претходно сте платиле за стоката со платежна картичка, ние сме должни да ги рефундираме парите исклучиво преку банката, односно преку здруженијата за картички Visa, MasterCard, Maestro или DinersCArd со целосно или делумно враќање на оригиналната трансакција, со давање налог до банката за рефундирање на средствата на сметката на корисникот на картичката со која е извршена уплатата.