ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Купувањето на проиводи на glamit.mk  се прави во неколку едноставни чекори:

  1. Го наоѓате продуктот кој сакате да го купите.
  2. Одбирате количина.
  3. Притискате „додади во кошница“. По притискање на дугмето, се појавува опција да одите во кошничката и да платите но може и да изберете други продукти кои сакате да ги купите.
  4. Откога ќе завршите со полнење на кошницата притискате продолжи кон наплата.
  5. Ги внесувате вашите лични податоци
  6. Одбирате начин на плаќање (на врата или со картичка)
  7. Притискате „Потврди нарачка“

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 078 226 926 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.