*Содржи овошни и билни екстракти
*Темелно го чисти лицето, прави детоксикација и дава сјај и свеж изглед
Маска со меурчиња со билни екстрати како јаболко, чајно дрво, лимета, портокал, лимон, патлиџан и др. Ја чисти и осветлува кожата која е оштетена од валкани честички. Кога ќе се нанесе, се формираат меурчиња и даваат лесно пуцкаво чувство на лицето. Ги отстрануваат скриените токсини и изумрени клетки и на кожата и даваат мазен и светол изглед.
Упатство за употреба: 1. Темелно измијте го лицето и избришете го 2. Пред отварање на кесичката, протријте ја кус период и употребете ја маската веднаш по отварањето. 3. Отстранете го и одмотајте го црниот лист и нанесете го на лицето (внимавајте течноста да не влезе во очи или уста). Ќе се создадат меури на црниот лист 4. Отстранете ја маската по 15-20 минути 5. Масирајте го лицето со меурите и исплакнете со вода ( се препорачува употреба еднаш во две недели).
Предупредување: 1. Избегнувајте нанесување на кожа што е осетлива на завои и фластери.
2. Прекинете со употреба и консултирајте се со лекар ако кожата е зацрвенета, отечена или почнува да чеша за време на употребата или потоа. 3. Избегнувајте контакт со очи. Ако тоа се случи, веднаш исплакнете со вода. 4. Чувајте го подалеку од дофат на деца. 5. Да се чува вон допир на директна сончева светлина и од високи и ниски температури. 6. Производот да се искористи веднаш по вадење од пакувањето, како не би се исушил.
Производител: MBEAUTY COSMETICS CO.,LTD, Anyang-S, Јужна Кореја
Земја на потекло: Јужна Кореја